Факт кој покажува колку Јувентус беше немоќен против Барселона

Без Кристијано Роналдо и со „крпена“ одбрана, Јувентус едноставно не можеше да ѝ парира на Барселона во мечот од Лигата на шампионите. Дембеле и Меси погодија за победа на каталонскиот гигант, а интересно е што Јувентус преку Алваро Мората даде три гола, но сите три беа поништени поради офсајд-позиции.

Иако трипати ја тресеа мрежата на Барселона, статистиката на крајот потврдува дека домаќините беа инфериорни во Торино. Без Роналдо во тимот, едноставно немаше кој да шутне, па на крајот зад статистиката на удари во рамките на голот на Барселона стои НУЛА за Јувентус.

Ако се знае дека Јувентус е тим кој во своите редови има голем број ѕвезди, навистина е неверојатно како италијанскиот првак за 90 минути не успеа да упати барем еден прецизен удар кон голот на гостите. Барселона е одлична на гости во Лигата на шампионите и во последните 18 меча има 11 победи, шест ремија и само еден пораз, па затоа воопшто не е изненадување триумфот во Торино.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести