Старата дама рано се замори – Барселона победи, Мората има хет-трик поништени голови (Видео)

Барселона со два гола во Торино ги разреши дилемите за победникот во дербито на Лигата на шампионите против Јувентус, екипа која постигна три гола и сите беа поништени.

Осман Дембеле е јунакот на гостите, постигна клучен погодок во 14-тата минута, а трагичар е Алваро Мората. Шпицот на Јувентус постигна три гола и сите му беа поништени поради офсајд.

 

Мората погодуваше во 15-тата во 30-тата и во 55-тата минута, но не се радуваше бидејќи сите голови беа постигнати во недозволена ситуација.

Лионел Меси во финишот постигна гол од пенал и ја потврди победата на гостите од 2:0.

Најубедлив вечерва беше Манчестер јунајтед со триумф од 5:0 против Лајпциг. Маркус Рашфорд постигна хет-трик, а стрелци за домаќините беа и Гринвуд и Марсијал.

Идентична победа од 2:0 како Барселона забележа и Борусија во Дортмунд против Зенит, Севилја славеше против Рен со 1:0, а нерешено завршија дуелите меѓу Бриж и Лацио, 1:1, и Ференцварош со Динамо Киев, 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести