Фалангата е гласна, ги поздравува нашите кои излегоа да се загреваат (Фото)

Македонските навивачи исто како и во Палермо, и во Порто се сместени во агол од горна трибина, но тоа секако не им пречи и громогласно ги поздравија голманите предводени од Столе Димитриевски, кои први излегоа на загревање.

 

Иако Португалците се многу помногубројни, сепак нашите навивачи ја чекаат својата шанса и кога ќе викнат во еден глас, се слушаат дури и погласно од домаќините кои на еден час пред мечот се резервирани и засега упатија само свирежи кон македонските фудбалери кои ќе играат во бели дресови.

- Оглас -

Најнови вести