Фалангата во Краков ја продолжи традицијата – за Василица се бараше паричката во лепчето

Православниот празник Василица се одбележа и во Краков, каде има околу 1.000 македонски навивачи кои заминаа во Полска за да дадат поддршка на ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство.

Традиционалното делење на лепчето го направија повеќе групи кои се во Краков, а кај најсреќните заврши паричката за која се верува дека ќе им носи среќа во текот на цела година.

Меѓу оние кои го одбележаа овој празик и адетот со делење на лепчето, го направи една од групите кои се дел од Фалангата, а на крајот најсреќен беше Саше Филиповски, кај кого заврши паричката.

- Оглас -

Најнови вести