Фалк-шоу во Келн – Магично ја дриблаше одбраната од стотици милиони евра (Видео)

Копенхаген одигра одлично во регуларниот дел од мечот со Манчестер јунајтед и има шанси по продолженија, или евентуално и пенали, да се пласира во полуфиналето на Лигата на Европа, а потегот на регуларниот дел од мечот го имаше Расмус Фалк-Јенсен.

Напаѓачот на Копенхаген одигра одлична солоакција во 65-тата минута и успеа да ги заврти одбранбените играчи на фаворитот со одлични дриблинзи, но Данците не постигнаа гол, иако Фалк-Јенсен им создаде одлична позиција.

Во регуларниот дел од мечот немаше голови, па во моментов се играат продолженија од двапати по 15 минути. Ако нема победник и по 30 минути дополнителна игра, тогаш ќе се изведуваат пенали за пласман во полуфиналето.

Претходно Интер со победа од 2:1 против Баер Леверкузен стана првиот полуфиналист во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести