Фалкао има незавршена работа во Мадрид, се враќа во Атлетико?

Радамел Фалкао има понуда од Атлетико Мадрид да направи кам-бек во клубот за кој ја одигра најдобрата секвенца во одличната фудбалска кариера.

Колумбиецот би бил замена за Антоан Гризман, кој сигурно си оди од Мадрид, а во Атлетико се надеваат дека Радамел ќе покаже барем дел од репертоарот што го презентираше во периодот од 2011 до 2013 во „црвено-белиот“ дрес.

Тогаш даде неверојатни 70 гола и беше лидерот на тимот што ја освои круната во Европа Лигата и во Копа Дел Реј.

За играчот на Монако се интересира и Валенсија, па како што стојат работите 33-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести