Фан на Арсенал го одржа зборот и го крсти детето Озил! (фото)

 

Навивачот на Арсенал по име Џек Робинсон го одржа ветувањето кое го даде во март и го крсти детето по ѕвездата на Топчиите, Месут Озил. Робинсон преку „Твитер“ со фотографија од извод на раѓање му потврди на германскиот фудбалер дека неговата ќерка ја крстил Мара Озил.

Уште пред неколку месеци Џек го контактираше Озил да добие дозвола и да си го крсти детето по неговиот омилен играч, на што Германецот одговори дека нема проблем и дека ќе чека доказ.

Иако Озил ја грее клупата на Топчиите и не е омилен кај мнозинството фанови на Арсенал, има и такви кои го поддржуваат во неизвесната ситуација токму со вакви гестови.

- Оглас -

Најнови вести