Фантастичен меч: Зверев го доби маратонот против Ѓоковиќ и ќе игра во големото финале во Торино

Александар Зверев се пласираше во големото финале на завршниот турнир во Торино.

Германскиот рекет со 2:1 во сетови го совлада неприкосновениот Новак Ѓоковиќ во маратон кој траше повеќе од два ипол часа.

Првиот сет му припадна на Зверев кој беше поумешен по тај брејкот со 7:4, а потоа Новак во вториот сет успеа да израмни.

Се чинеше дека светскиот рекет број еден ја имаше контролата во свои раце, но, Зверев успеа да одигра уште еден фантастичен сет кој му припадна со 6:3.

Со тоа, закажа дуел против Данил Медведев во утрешното финале.

 

- Оглас -

Најнови вести