Фантастична партија на Дончиќ за победа на ЛА лејкерс, Јокиќ застана на асистенција до трипл-дабл (Видео)

Кошаркарите на Денвер доживеаја неочекуван пораз на гостувањето кај Мемфис, иако беа големи фаворити за триумф. Домашните славеа со 125-118 и тоа, пред сè благодарение на одличната трета четвртина, кога ја направија клучната предност.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 29 поени, 14 скока и девет асистенции, па само за една асистенција не успеа да дојде до троен ефект.

Одлична партија одигра Лука Дончиќ во триумфот на ЛА лејкерс на гостувањето кај Хјустон. Езерџиите славеа со 116-124, а словенечкиот репрезентативец уфрли 40 поени, на кои додаде и девет скока и 10 асистенции, па му недостигаше само еден скок за трипл-дабл.

Резултати:

Бостон – Голден стејт 120-99
Бруклин – Оклахома 92-121
Индијана – Портланд 119-127
Минесота – Јута 147-111
Њу Орлеанс – ЛА клиперс 124-109
Далас – Атланта 120-135
Мемфис – Денвер 125-118
Хјустон – ЛА лејкерс 116-124

- Оглас -

Најнови вести