Фантастично отворање на Африканскиот Куп: Брегот победи со голови на соиграч на Роналдо и играч на Црвена ѕвезда (Видео)

Брегот на Слоновата Коска победнички го започна настапот на Африканскиот куп на нации, откако пред своите навивачи со 2:0 славеше над Гвинеја Бисау. Брегот на Слоновата Коска по втор пат е домаќин на континенталното натпреварување и сигурно е една од оние селекции кои ќе бидат меѓу фаворитите за златото. Сенегал е актуелен бранител на тронот.

Пред почетокот на првиот меч од Африканскиот куп на нации, спектакуларно беше отворањето на континенталниот турнир.

На теренот, Брегот на Слоновата Коска по само четири минути игра Секо Фофана погоди за водство од 1:0. На почетокот на второто полувреме Жан-Филипе Красо даде гол за 2:0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

- Оглас -

Најнови вести