Фараонот е кус и јасен, навивачите на Ливерпул се радуваат: Останувам најмалку уште една сезона

Мохамед Салах нема дилеми и веќе јасно најави дека и следната сезона ќе игра за Ливерпул, со што ја израдува бројната армија на навивачи на 19-кратниот англиски првак.

„Останувам сигурно и следната сезона во Ливерпул“, кусо и јасно кажа најдобриот стрелец на Ливерпул иво Премиерлигата, зааедно со Хјунг-Мин Сон од Тотенхем.

Ова е голем потстрек и за соиграчите на Салах, а Ливерпул го чека голеното финале во Лигата на шампионите, против Реал Мадрид на 28. мај во Париз.

Популарниот Фараон пристигна во Ливерпул во 2017 година и е дел од генерацијата што за првпат стана шампион на Англија, откако во 1992 година е формирана Премиерлигата.

Салах има и пехар од Лигата на шампионите, сега ќе се обиде по вторпат да се искачи на европскиот трон, а вкупно има освоено шест пехари со сегашниот клуб во разни натпреварувања.

Индивидуалните признанија се многубројни, а на радост на навивачите на Ливерпул, Мо ќе игра за сегашниот клуб најмалку уште идната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести