Пет натпревари со изразити фаворити според квотите во Sport Life се играат попладнево во Првата македонска фудбалска лига. Колото започна вчера со изненадувачка победа на Вардар на гостувањето кај актуелниот шампион Струга, но можни ли се изненадувања и денес?
Во Кавадарци се игра „братско“ дерби помеѓу Тиквеш и Пелистер, меч на кој фавирити се домашните со квота од 1.79. Работнички со квота од 1.32 е голем фаворит против Воска, а Гостивар ја има фаворитската улога (1.51) во локалната пресметка против Беса.
Дербито на колото се игра на Градскиот стадион во Тетово, каде Шкендија го пречекува Силекс во битка за врвот. Тетовци се фаворити според квотите со 1.72, но изненадување на Силекс има квота од 4.55. На последниот меч, Брера како аутсајдер го пречекува Шкупи.