Кошаркарската федерација на Македонија в понеделник ќе го промовира новиот селектор на машката сениорска репрезентација, а најавите се дека на местото на Александар Тодоров ќе дојде српскиот тренер Драган Бајиќ, кој го води АБА тимот Игокеа.
Бајиќ е тренер кој меѓу љубителите на кошарката во поранешна Југославија е познат по своите „сочни“ говори на тајм-аутите. Пред неколку сезони, кога Игокеа играше со Карпош Соколи, тој се прослави со заканата до своите пулени дека ако продолжат да играат слабо и да шутираат од неизградени позиции, утредента ќе им закаже тренинг и „ќе им е.. мајка во 10 часот наутро“.
Некоја година подоцна, тој на 219 сантиметри високиот Роберт Рикиќ кој сега игра за кавадаречки Еуро Никел, му порача „Сакаш ли плата? Види колкав си, играч кој е глава понизок од тебе ти зема две топки“. Рикиќ се обиде да се брани, а лутиот Бајиќ му се закани: „Немој да зборуваш, ќе те удрам со таблава по глава“. На еден меч со Задар, на играчите на Игокеа им рече дека се однесуваат како уличари, а добиваат плата на време.
Вака изгледа кога ќе се налути идниот македонски селектор: