Февр: Есеноска загубивме од Баерн, ама сега ги имаме Халанд и Џан

Утрешното дерби на Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен може да биде еден од клучните натпревари во трката за титулата во Германија бидејќи ако триумфираат гостите, кои се лидери на табелата со четири бода предност пред ривалот, ќе направат голем чекор кон одбрана на трофејот.

Пред половина година, во ноември, Баерн ја растури Борусија со 4-0, но тренерот на „жолто-црните“, Луцијан Февр, верува дека овојпат околностите се сменети и дека неговиот тим сега е поквалитетен од тогаш бидејќи во меѓувреме се засили со Ерлинг Браут Халанд и Емре Џан. Борусија ќе ја нема поддршката од „12-тиот играч“, публиката, но Февр е оптимист.

„Јасно е дека ние не игравме добро на тој меч во Минхен, тој меч беше три дена по нашиот домашен дуел со Интер во ЛШ. Оттогаш многу напредувавме и играме во поразличен систем. Во зимскиот преоден рок потпишавме договори со двајца важни играчи и сега сме посилни отколку во ноември“, вели Фeвр.

До крајот на сезоната има уште седум кола. Борусија има шанса да се доближи и трката за титулата да ја направи поинтересна, но тука се прашува и Баерн, кој игра историски ефикасно.

- Оглас -

Најнови вести