Фазлагиќ: Имаме тешки ривали, но на домашен терен мора да освојуваме бодови

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги започна подготовките за дуелите од квалификациите за пласман на Европското првенство. По четири одиграни меча, нашите надежи имаат освоено пет бода и моментно се на третото место на табелата, зад лидерот Франција, која има 10 бодови, и Украина со девет бодови.

Токму против Украина ќе играме в четврток, на фудбалскиот центар „Петар Милошевски“ во Скопје, а на 16 овој месец ќе ѝ бидеме домаќини и на Франција. Енис Фазлагиќ е оптимист иако знае дека воопшто нема да биде лесно, посебно затоа што играме со двете првопласирани во групата.

„Нè очекуваат два меча на домашен терен. Прво се фокусираме на Украина. Тежок ривал, играат добар фудбал, имаат добри индицидуалци, но и тимски се добро подготвени. Ние треба да се подготовиме добро ако сакаме да стигнеме до победа. На домашен терен, со подршка од публика и наша добра игра да освоиме бодови“, рече Фазлагиќ.

- Оглас -

Најнови вести