Федерации од американските континенти бараат од ФИФА да ја санкционира Премиер лигата

Фудбалските федерации на Чиле, Парагвај и Мексико побараа од ФИФА да реагира и да спроведе санкции против Премиер лигата поради забраната за одредени фудбалери да одговорат на репрезентативниот повик. Доколку ФИФА се одлучи за ваков потег, фудбалерите на кои им беше забранет настап ќе добијат забрана за играње во клубовите, освен ако не добијат согласност од своите федерации.

Причината што дел од премиерлигашките клубови не им дозволија на играчите кои требаше да заиграат во овој циклус за селекции од Централна и Јужна Америка е поради тоа што тие земји се ставени на црвената-листа за патување поради огромното присуство на корона-вирусот во нив. Од страв да не го донесат вирусот назад во клубовите, а воедно и да отсуствуваат од клупските обврски бидејќи карантин би бил задолжителен за нив по враќањето назад, фудбалерите како Раул Хименес и Мигел Алмирон не добија шанса да настапуваат за своите земји.

Меѓу нив има и позвучни имиња, како Едерсон, Габриел Жезус за Бразил, Мо Салах за Египет, кои исто така не се појавија во своите репрезентации, а се главни фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести