Федерер е далеку од пензија – Рекордерот најави настап во Хале идната година

Роџер Федерер нема да се пензионира во 2020 година и веќе објави дека сигурно ќе игра и следната сезона, а посочи дека има и план на кои турнири ќе настапи.

„Минуваме низ тежок период, но верувам дека и од ова ќе излеземе посилни. Среќен сум што можам да објавам дека и следната година ќе играм на турнирот во Хале“, објави Федерер на официјалната страница на турнирот.

Роџер во август годинава ќе полни 39 години, а со 20 гренд слем титули е најтрофеен тенисер на сите времиња.

Годинава турнирот во Хале нема да се игра, а беше на распоред од 13 до 21 јуни, но поради епидемијата со Коронавирус е одложен.

Федерер ужива да игра во Хале, каде што има неверојатни 10 титули во сингл и една во дубл, што е апсолутен рекорд на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести