Федерер го освои 99. трофеј во кариерата

Роџер Федерер по деветти пат го освои трофејот на АТП турнирот во Базел, истовремено ја одбрани титулата од лани. Во финалната пресметка против романскиот тенисер Мариус Копил, Швајцарецот триумфираше со 2-0 во сетови (7-6, 6-4), и го освои вкупно 99. трофеј во својата кариера.

Романецот добро му парираше на фаворитот во првиот сет, Федерер имаше достоен противник, па се одлучуваше во тајбрејк, кој со 7-5 го освои третиот светски рекет во моментов. Во вториот сет Копил се залета, па откаку му направи брејк на Федерер стигна и до 4-1. Но, од тој момент Роџер освои два гема на сервис на противникот, и по 6-4 славеше нова победа во неговиот роден град.

 

- Оглас -

Најнови вести