Федерер наполни 38 години и ја откри тајната зошто е уште толку добар

Според многумина, најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, денеска наполни 38 години. Швајцарскиот ветеран уште не размислува за тениска пензија, а и тоа е разбирливо, ако се знае дека уште е во самиот врв. Пред само еден месец Федерер одигра незаборавно финале на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ, но го загуби, иако имаше две меч топки.

Федерер само со еден збор ја опиша тајната на неговиот успех да биде во врвот на тенисот толку многу години.

„Среќа, Морате да бидете среќен додека играте. Јасно е дека во овие години не може да играте во врвна форма како порано и затоа мора да најдете нешто друго во кое ќе уживате. Потреба е страст во се што работите. Мојата тајна е едноставна. Таа се содржи во тоа што постојано сум на диета и внимавам што јадам, добро спиење, истегнување на мускулите и масажи“, вели Федерер.

Рекордерот по бројот на освоени гренд-слем титули, сепак знае дека еден ден мора да дојде време кога ќе рече дека е доста со професионалното играње тенис.

„По завршување на краиерата не верувам дека ќе бидам ТВ коментатор или тренер. Ќе бидам дома со децата, бидејќи сакам да сум во Швајцарија. Во текот на поголем дел од годината сум многу далеку од дома. Тоа е така веќе 20 години“, вели Федерер.

 

- Оглас -

Најнови вести