Федерер: Не можам да замислам да играм без публика

Роџер Федерер вели дека би играл тенис и без присуство на публика само да продолжи прекината сезона, но изјави дека ќе се чувствува чудно.

„Ќе биде како да сум на тренинг. Не знам, некако со цело срце сакам што побрзо да се вратам на тениските терени и на турнирите, но сигурно ќе ми биде чудно да ги гледам празните трибини. Без публика не личи ниту еден спорт, но сепак нека почне што поскоро со тениски турнири“, вели најтрофејниот тенисер на сите времиња со рекордни 20 гренд-слем титули.

Засега нема оптимизам дека наскоро ќе се игра професионален тенис, но Федерер верува дека сепак ќе одигра уште некој меч во 2020 година.

Кам-бекот би требало да се случи на 3. август со настап на Вашингтон опен во главниот град на САД, но засега и тој турнир не е дефинитивно потврден и сигурен за игра.

За преостанатите три гренд-слем турнири планот е Вимблдон да не се игра во 2020 година, а да се почне во август со САД опен во Њујорк од 31. август до 7. септември.

Потоа би се играл и Ролан Гарос во Париз од 21. до 28. септември.

- Оглас -

Најнови вести