Федерер со убедлива победа во јубилејниот 1.500-ти меч во кариерата

Роџер Федерер остана многу кратко на теренот во Базел за јубилејот, 1.500-ти меч во кариерата, и само за 53 минути го декласира Петер Гојовчик од Германија.

Пред својата публика во родниот град Швајцарецот славеше со 6:2, 6:1 и прослави убав јубилеј. Го чека следниот противник, а ќе игра со победникот од дуелот меѓу Лајовиќ и Албот на патот на десеттата титула во Базел.

Само на еден турнир Федерер има повеќе титули, а освои 10 во германскиот град Хале.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести