Швајцарскиот тенисер и 20-кратен гранслем-победник, Роџер Федерер, проговори за зачестените повреди на 37-годишниот Шпанец Рафаел Надал, кој најави дека годинава ќе ја заврши кариерата.
„Бев тажен што Надал не можеше да игра толку често колку што би сакал. Се надевам дека налето ќе успее да ги оствари своите цели. Навистина се надевам дека ќе може да се врати на турнирите“, изјави Федерер во интервју за GQ.