Федерер во 15-тото финале во Базел ќе се бори за рекордна 10-та титула

Роџер Федерер по 15-ти пат во кариерата се пласираше во финалето на АТП турнирот во родниот Базел, откако по два сета со 6-4, 6-4 славеше против Стефанос Циципас. Историскиот пласман Федерер ќе треба да го круниса со нов успех, да ја одбрани титулата, односно да ја запише рекордната 10-та на свое тло.

За одличниот Федерер доволни беа два брејка за да му ја донесат победата со која дојде на чекор од историја. Во првиот сет му украде гем на сервис на Гркот за 3-2, а потоа на ист начин го отвори и вториот сет, воедно ја искористи првата меч топка.

Во финалето кое е предвидено за утре, Федерер ќе се сретне со Алекс Де Минур.

https://twitter.com/atptour/status/1188138706680668160

- Оглас -

Најнови вести