Федерер стигна до 100-ти трофеј

Роџер Федерер лесно го совлада Стефанос Циципас со 2-0 во сетови (6-4, 6-4), во финалниот меч од АТП турнирот во Дубаи. Швајцарецот на тој начин стигна до јубилејниот 100-ти трофеј во кариерата, а до него стигна по само 70 минути игра.

Федерер уште на стартот покажа колку го посакува трофејот, па веднаш направи брејк кој му овозможи да поведе со 3-2 во гемови. Потоа се играше гем за гем, а Федерер ја искористи четвртата сет-топка за да поведе со 1-0. Понеизвесно беше во вториот сет, Гркот беше во игра до 4-4 во гемови, а потоа Швајцарецот го запиша вториот брејк, а победата ја оствари при првата меч-топка.

Триесет и седумгодишниот тенисер е само втор во историјата кој стигнал до троцифрен број на трофеи, претходно му успеа само на Џими Конорс, кој застана на 109 пехари во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести