Федерер загуби сет од Нагал па се налути, Ноле покажа кој е шампионот

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ се пласираа во второто коло на Отвореното првенство на САД, а вечерва тоа се очекува да го направи и Рафаел Надал. Овие тројца тенисери се главни фаворити за освојување на последниот Гренд слем во годината.

Швајцарскиот ветеран Федерер неочекувано го загуби првиот сет против Сумит Нагал. Роџер започна со 2:0 во гемови, но потоа загуби два гема на свој сервис и Индиецот изненадувачки го доби сетот со 6:4. Тоа беше доволно за Федерер да влезе во ритам и во следните три сета, фаворитот беше подобар со 6:1, 6.2, 6:4 за триумф по два и пол часа игра.

За разлика од Федерер, Ѓоковиќ својата работа ја заврши во три сета. Најдобриот тенисер во светот и бранител на тронот во Њујорк го победи Шпанецот Роберто Карбалјес Баена со 6:4, 6:1, 6:4.

„Уште се обидувам да ги наместам нишанските справи. Против Против Кабалјес никогаш немав играно и не знаев каков тенисер е, каков пристап има. Во првиот сет беше рамноправна борба. Потоа имав повеќе шанси за да направам брејк и тоа беше чекор напред кон тоа што подоцна се случи, односно да победам“, рече Ѓоковиќ.

СЕРЕНА ЈА РАСТУРИ ШАРАПОВА

На женскиот дел од турнирот најзвучен беше дуелот меѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова. Ова беше 22-ри меѓусебен дуел на некогашните гренд слем шампионки, а Американката беше убедлива. Серена победи со 6:1, 6:1 и стигна до 20-тата победа во меѓусебните дуели со Шарапова.

Комплетната понуда за обложување на мечевите од Гренд слемот во Њујорк може да ја пронајдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести