Феликс се препороди, Столе не можеше да ја одбрани одличната акција на Атлетико (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 1:0 го победи Рајо Валјекано во мечот од 29-то коло во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше меѓу стативите во текот на целата средба, но не успеа да ја зачува својата мрежа.

Коке реализираше навистина убава акција по асистенција на Жоао Феликс во 49-та минута. За Феликс ова беше седмо учество во головите на Атлетико во последните седум натпревари од Ла Лига, а ист таков учинок имаше во последните 31 меч.

До крајот на средбата, тимот од Мадрид остана со играч помалку на теренот откако Анхел Кореа во 85-та минута доби црвен картон.

Атлетико сега има 54 бодови и е на треттото место, додека Рајо остана на бројката од 32 и во моментов е под број 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести