Фелипе го постигна голот кој најмногу ги израдува обложувачите (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид се мачеше, но, на крајот успеа да ја победи Осасуна со минимални 1:0.

Голот кој израдува многумина обложувачи беше дело на дефанзивецот Фелипе во 87. минута.

Осасуна се покажа како тврд орев, и успешно се бранеше речиси во текот на целиот натпревар, но, момците на Диего Симеоне чекаа една грешка, и ја дочекаа во самата завршница.

Одлично изведен корнер на Јаник Караско по кој дефанцивецот ја смести топката во противничката мрежа за голема радост на „Ванда Метрополитано“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести