Фелипе Мело со невидена еуфорија го прослави пласманот во финалето, буквално полуде (Видео)

Бразилскиот ветеран Фелипе Мело, кој е член на Палмеирас, поради повреда не играше во полуфиналето против Ривер плејт, туку од трибините го следеше реванш-дуелот од Копа Либертадорес, а откако се отсвири крај на средбата и бразилскиот тим се најде во финалето, Мело буквално полуде и го сними сето тоа.

„Во финале сме, се пласиравме, Господ ни даде батерии и сила“, викаше еуфоричниот 37-годишен дефанзивец колку што го држи глас.

Финалето се игра на 30 јануари и Мело се надева дека ќе може да игра и на Зелените да им помогне да се борат за титула.

- Оглас -

Најнови вести