Сампдорија ќе го поздрави шампионот, Квалјарела и Роналдо ќе се тркаат со голови

Фенербахче – Анталијаспор (18 часот)

Анталијаспор може со победа да се надева на пласман на петтата позиција што води во квалификации за Европа Лигата. Фенербахче имаше лоша сезона, но за да не биде најлошата во историјата на клубот им треба победа во последното коло денеска.

Досега повеќекратниот шампион на Турција бил најлошопласиран во домашното првенство на 10-то место, а моментно пред почетокот на последниот меч против Анталијаспор е деветти.

Неизвесно е дали Елиф Елмас ќе игра вечерва за Фенербахче, но домаќинот без разлика на се ќе оди на победа. Фенер нема пораз на домашен терен на последните 8 натпревари, а има неверојатен биланс од 21 победа во 24-те гостувања на Анталијаспор.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.65) Квота на денот

 

Сампдорија – Јувентус (18 часот)

На „Луиџи Ферарис“ денеска ќе се игра ревијален меч, последен за двете екипи во Серија А. Сампдорија и покрај лошиот финиш на сезоната ќе го заврши првенството на 9-то место, што им е најдобар пласман во последните пет сезони.

Јувентус оддамна ја прослави новата титула, осма по ред во Калчото, но најавува дека денеска речиси сите ѕвезди ќе играат против Сампдорија.

Ако нема изненандувања во двата состави ќе биде интересно да се гледа битката на водечкиот стрелец во Серија Фабио Квалјарела со 26 гола и Кристијано Роналдо, кој има постигнато 21 погодок во првата сезона во Италија.

Предлог тип: 2&ГГ (3.45)

 

Бран – Розенборг (20 часот)

Најтрофејниот клуб во Норвешка, Розенборг има неочекувано лош старт на сезоната и игра непрепознатливо. Се уште немаат победа на гостински терен и се вториот најнеефикасен тим во првенството со само 7 постигнати голови.

Бран е во сосема спротивна ситуација, нанижа три победи по ред и фаќа приклучок кон врвот на табелата. Со нов триумф би се доближиле на водечкиот двоец Молде и Од Гренланд на само два бода, но Розенборг е секогаш тежок ривал за победување, без разлика во каква форма игра.

Двете екипи немаат многу простор за калкулации, особено тоа се однесува на гостите, кои спротивно на реномето, се наоѓаат во долниот дел на табелата, па типуваме дека ќе има голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ1 прво/второ (2.65) Квота на денот

 

Спал – Милан (20.30 часот)

Милан мора да победи и дури потоа и да чека евентуален кикс на Интер и Аталанта, за место во Лигата на шампионите. Спал нема грижи за опстанок, но игра добро сезонава против фаворитите. Го победија шампионот Јувентус, а успеаа и да ги изненадат Рома, Лацио и Аталанта, со што се покажаа како тврд орев и пријатно изненадување во Серија А.

И овде може да има и интересен дуел на двајца одлични стрелци сезонава. Кшиштоф Пјонтек од Милан со 22 гола се уште може да биде прв стрелец во Серија А, но за тоа му требаат најмалку пет гола, а на спротивната страна кај Спал одлично игра и погодува Андреа Петања. Топ-стрелецот на Спал постигна 16 голови и е во топ-10 на листата на најдобри голгетери во Калчото.

Милан ќе мора да напаѓа за да победи, Спал е опасен на контри, па типуваме дека ќе има голови и дека гостите ќе постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку два на мечот.

Предлог тип: Т2 1+I& Т2 2+ (1.95) Квота  на денот

 

Аталанта – Сасуоло (20.30 часот)

Бергамо е на нозе и со нетрпение се чека последниот меч на Аталанта во домашното првенство. Се е подготвено за славје, а потребна е било каква победа на избраниците на Гасперини за да се прослави историски пласман во Лигата на шампионите.

Сасуоло е без грижи за опстанок, не може во Европа, па ќе игра меч за престиж против тим чија игра не им лежи.

Аталанта го декласира Сасуоло на „Мапеи“ во првиот дел од шампионатот со 6:2, има серија од четири победи против денешниот противник од кого нема загубено од април 2014 година, или точно на 10 меча по ред.

Предлог тип: 1&3-6 гола (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести