Фенербахче задоцни за Несторовски, алтернатива е Кристијан Бентеке

Фенербахче се обиде да го ангажира Илија Несторовски, но задоцни со понудата во трката со Удинезе, па сега му понуди на Кристал Палас опција да го позајми Кристијан Бентеке, со право за откуп.

Несторовски чека официјална промоција во Удине, откако се договори за тригодишна соработка со италијанскиот прволигаш.

Кристал Палас бара 15 милиони евра за 28-годишниот белгиски репрезентативец, но Фенер нуди поинаква опција. Турците сакаат да го доведат Бентеке на позајмица, со право потоа комплетно да го откупат договорот што тој го има со англискиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести