Феникс 2010 е аутсајдер, Работнички ќе се обиде да го „избрише“ вчерашниот срамен пораз

Неславен почеток имаше Работнички во квалификациите за пласман на Еврокупот на ФИБА откако во СРЦ „Кале“ вчера доживеа дебакл и загуби со 30 разлика од Рапид Букурешт (57:87). Тоа беше прв европски меч за Работнички по пауза од шест години и македонскиот тим не се прослави, а посебно очајно одигра во последната четвртина кога постигна само два поена. 

Денешен ривал на Работнички во второто коло од квалификациите е тимот на Сабах Баку, каде што тренер е македонскиот стратег Боби Митев. Екипата од Азербејџан вчера победи со 75:72 против Гронинген и сега е во борба за првото место во групата.

Првиот меч во овие квалификациите за пласман во Еврокупот на ФИБА денеска ќе го има и Феникс 2010, и тоа на Кипар, а противник ќе биде домашниот тим на Керавнос. Според квотите во Sport Life, ќе биде вистинско чудо Феникс 2010 да победи на оваа пресметка.

- Оглас -

Најнови вести