Феникс го изненади шампионот среде Ел-Еј, Јокиќ му одржа лекција на Јанис (видео)

Феникс санс приреди пријатно изненадување на гостувањето кај актуелниот првак ЛА лејкерс со триумфот од 114:104, кој го оствари без својот најдобар кошаркар Девин Букер, кој беше исклучен на средина од третиот период.

Франшизата од Аризона сосема заслужено стигна до 12-тата гостинска победа, односно петта во низа откако ги натераа Езерџиите цел натпревар да бркаат негатива. Залудни беа и 38-те поени на Леброн Џејмс, кој пак немаше многу помош од своите соиграчи во отсуство на втората ѕвезда на екипата, Ентони Дејвис.

Во моментите кога Букер беше на теренот, резултатот минимално им припаѓаше на гостите. Опасниот шутер на Сонцињата заработи две технички само во неколку секунди, па судиите го исклучија во петтата минута од третиот период. Наместо тоа да биде во полза на Лејкерси, Феникс се разигра уште повеќе и во клучните моменти оствари двоцифрена предност која беше недостижна за тимот на Френк Вогел, па Феникс заслужено застана на второто место на Западот, токму пред Лејкерс.

Како најефикасен играч од редовите на Феникс се истакна Дарио Шариќ со 21 поен, Бриџис застана на 19, додека Ејтон и Букер забележаа по 17 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=wm8mPk3t8aw

Дефинитивно ова не беше ноќ на екипите од Ел-Еј, откако и Клиперс загуби на гостувањето во Бостон од Селтикс со 117:112. Пол Џорџ се обиде да биде лидер на екипата во отсуство на Кавај Ленард, меѓутоа Клиперси паднаа пред претпознатливата тимска игра на Келтите.

Денвер нагетс во меѓувреме го растури Милвоки на гости со високи 128:97 во уште една брилијантна партија на Никола Јокиќ. Српскиот центарт го оствари 50-тиот трипл-дабл учинок во својата кариера со 37 поени, 11 асистенции и 10 скока, по што Јанис Адетокумбо и Елените немаа одговор како да го задржат Јокиќ.

Останати резултати НБА:

Вашингтон 111:125 Мемфис, Мајами 80:94 Атланта, Сан Антонио 119:93 Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести