Феноменален гол на Феран Торес во стилот на Златан Ибрахимовиќ (Видео)

Њукасл и Манчестер сити играат натпревар од Премиерлигата кој не им значи многу освен за престиж, и им понудија уживање на неутралните гледачи со по два гола во мрежите по првото полувреме. На голот на Манчестер сити е Скот Карсон, кој брани првпат на премиерлигашки меч после пауза од десет години.

Пред средбата, Чавките приредија шпалир за противникот и го поздравија новиот шампион на Англија, а најубавиот од четирите гола беше оној на Феран Торес за водство на Сити од 2-1. Торес во воздух ја удри топката со пета и таа заврши во мрежата. Вакви голови во минатото сме гледале од Златан Ибрахимовиќ, а сега и Шпанецот покажа дека е вистински мајстор во вакви ситуации.

Погледнете го погодокот на Торес:

https://twitter.com/i/status/1393290788109524998

- Оглас -

Најнови вести