Феноменален кам-бек на Јовиќ – Се врати во Ајнтрахт со победнички голови против Шалке (Видео)

Ајнтрахт го победи Шалке 04 со 3:1, а чудесен кам-бек во Франкфурт и во Бундеслигата имаше Лука Јовиќ. Се врати во својот поранешен тим како позајмен играч од Реал Мадрид и за само 10 минути го постигна првиот гол.

Јовиќ влезе во игра во 62. минута при резултат 1:1 и потоа прикажа врвна партија фудбал со два гола за блескав кам-бек во Ајнтрахт.

Првпат погоди во 72. минута, а потоа во 91. минута со нов гол стави печат на победата на Орлите против Шалке 04.

Претходно Андре Силва беше стрелец на првиот гол за Ајнтрахт во 28. минута, а израмни Метју Хопи само 60 секунди подоцна.

Јовиќ играше импресивно за Ајнтрахт од 2017 до 2019 година и беше дел од тимот што го освои пехарот во германскиот куп, а беше избран и во идеалниот тим на Европа Лигата и на Бундеслигата во сезоната 2018/19.

Ајнтрахт одигра мајсторски со неговиот трансфер од Бенфика и ја плати отштетната клаузула од 8.5 милиони евра, а потоа му го продаде Јовиќ на Реал Мадрид за 60 милиони евра, плус и бонуси од околу 13 милиони евра.

Јовиќ постигна само два гола за Рела во нецели две години, вкупно колку и вечерва за половина чпас игра за Ајнтрахт, клуб за кој претходно постигна 25 гола на 54 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести