Ферплеј на месецот – Шампионот падна на Тур де Франс, лидерот го чекаше заедно да ја продолжат трката (Видео)

Данецот Јонас Вингегард воодушеви со спортскиот потег на легендарната трка Тур де Франс во велосипедизам и не сакаше да го искористи малерот на Словенецот Тадеј Погачар.

Погачар во еден момент од 18-тата етапа лошо влезе во кривина и падна во бразда крај патот, но брзо стана и продолжи, иако не во ист ритам.

Вингегард, кој е со жолтата маичка и е лидер по 18 етапи, го почека големиот ривал и дури го пушти да го претрка, што наиде на воодушевување на сите што ја следат трката.

Погачар, кој е двоен и актуелен бранител на пехарот на Тур де Франс, му се заблагодари на гестот на Данецот, а потоа во интересен финиш сепак беше поразен од Вингегард.

Данецот е лидер и сега и главен фаворит за победа на една од култните велосипедски трки.

- Оглас -

Најнови вести