Ферари и Мерцедес позади Астон Мартин, Алонсо им е главна конкуренција на Ред Булите

Ветеранот Фернандо Алонсо кој го вози болидот на Астон Мартин, на денешните два слободни тренинзи, го освојуваше второто односно првото место, па најави дека може да биде главен ривал на првакот Макс Ферстапен во утрешната битка за пол-позиција на трката во Бахреин со која стартува новата сезона во Формула 1.

Астон Мартинот беше побрз од Фераријата и Мерцедесите, а и според квотите во Sport Life за утрешните квалификации, Алонсо е втор фаворит зад Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести