Ферера: Агим Ибраими ни задаваше многу проблеми, на крајот направи глупост (Видео)

Агим Ибраими сигурно ќе биде драстично казнет од УЕФА за исклучувањето во финишот на реванш-мечот со Дуделанж, кога со глава го удри судијата Јан Грифит од Велс, а од потегот на искусниот играч зачуден е и тренерот на тимот од Луксембург.

https://streamable.com/bjcsb

„Не знам зошто му требаше таков неспортски потег. Беше најдобар и најопасен играч кај Шкендија и ни задаваше многу проблеми. Кога тој падна во темпото, игравме многу полесно. Не очекував да го удри судијата, но сега за нас е важно што се пласиравме понатаму“, изјави Емилио Ферера.

Белгиецот и неговите избраници сега ќе имаат шанса со елиминација на Номе Калју да стигнат до плејофот за настап во Лигата на Европа откако лани станаа прв клуб од Луксембург со настап во фазата по групи во реномираното натпреварување.

Шкендија разочара и покрај големите амбиции, а крајот беше недоличен за клуб што се натпреварува во европските купови. Исклучувањата на Висар Муслиу, на Валмир Нафиу и особено тоа на Агим Ибраими само го комплетираа разочарувачкиот настап на македонскиот првак во овој циклус евроквалификации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести