Ферера: Да заборавиме дека ја победивме Шкендија

Емилио Ферера погоди доста работи во вистинско време на првиот дуел меѓу Шкендија и Дуделанж и потполно го надмудри Ќатип Османи во дуелот на двајца добри тренери.

Ферера во вистински момент го внесе во игра Адел Бетаиб, а францускиот интернационалец само по неколку секунди израмни на 1:1. Тактички Дуделанж изгледаше подобро и брзо, само за 7 минути направи комплетен пресврт и победи со 2:1.

Пред денешниот реванш-дуел, Ферера изјави дека ништо не е завршено иако неговиот тим има предност од 2:1.

„Не смееме да се занесеме како сè да е завршено. Шкендија останува опасен ривал, екипа што знае да игра фудбал и затоа им сугерирав на моите играчи да не мислат на предноста од првиот меч. Ќе мора да играме како да е 0:0“, вели Ферера.

Избор нема ниту Шкендија освен да оди на победа во реваншот, а за пласман понатаму во Лигата на Европа ќе им требаат најмалку два гола во мрежата на Кипс.

Мечот ќе се игра од 17.55 часот на стадионот „Жози Бартел“ во Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести