Ферети не ферма правила, си запали цигара среде натпревар (Фото)

Тренерот на мексиканскиот Тигрес, 66-годишниот Рикардо „Тука“ Ферети, нема да може да го води својот тим на следниот натпревар бидејќи доби суспензија од еден натпревар поради пушење цигара за време на меч. Овој „инцидент“ се случи на првенствениот меч на Тигрес против Сантос Лагуна.

Судијата не го забележал тренерот дека пушел, но на делегатот не му побегна тој детаљ и го вметна во извештајот. Освен супензијата, Ферети ќе плати и парична казна од 400 долари.

„Би сакал да верувам дека фотографијата е обработена во фотошоп бидејќи Ферети се грижи за себеси. Сигурно бил многу изнервиран ако направил такво нешто. Не сакам да го оправдувам“, изјави претседателот на Тигрес, Алехандро Родригес.

Тигрес е клуб кој ќе ја претставува КОНКАКАФ зоната на Светското клупско првенство. На 4 февруари играат со азискиот првак Улсан Хјундаи и ако го победат, ќе се најдат во полуфналето против првакот на Јужна Америка, бразилски Палмеирас или Сантос.

- Оглас -

Најнови вести