Фергусон кажа која му е омилен трофеј во кариерата и изненади многумина

Еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата, Сер Алекс Фергусон, го прашаа кој му е омилен трофеј во кариерата, и изненади со својот избор. Легендарниот Ферги освои дури 39 трофеи за своите 27 сезони во Манчестер јунајтед, а најмногу се радувал во 1993 година, кога клубот стана првак на Премиерлигата.

Тоа беше прва титула за Црвените ѓаволи после пауза од 26 години. Пред оваа титула во 1993, Јунајтед беше англиски првак во 1967 кога беа предводени од Мет Безби. Успехот во 1993 беше направен благодарение на доведувањето на Ерик Кантона од Лидс и со голови на Стив Брус во пресудниот меч против Шефилд венздеј.

„Господе семоќен, каков ден беше тоа кога ја освоивме првата лига. Не можев да излезам од паркингот. Имаше илјадници луѓе околу нас, околу три часа се сликавме со пехарот“ – рече Фергусон во интервју за еден документарен филм.

Фергусон кој го водеше Манчестер на повеќе од 1.500 меча, вели дека најнепријатна страна на менаџерската работа е кога треба да отпушти некој млад и амбициозен играч.

- Оглас -

Најнови вести