Фергусон: Ќе го натерам Хабиб да уринира крв

Предизвикувачот на Хабиб Нурмагомедов во битката за титулата на УФЦ во лесна категорија, Тони Фергусон, го предизвика идниот соперник со кој ќе се бори на 18 април во Бруклин и е сигурен дека ќе го разбие Русинот кој досега не знае за пораз во октагонот.

„Им кажав на сите, ќе го натерам Хабиб да уринира крв. Тој човек има проблем, а проблемот се вика Тони Фергусон. Сезоната за лов е почната“- изјави Американецот, познат по прекарот Ел Кукуј.

Хабиб Нурмагомедов има скор 28-0, последната победа му беше во септември против Дастин Поарие, но 35-годишниот Фергусон кој тренира напорно, не му се плаши и вели дека Хабиб ќе биде прегазен како од брз воз.

- Оглас -

Најнови вести