Фергусон му најде играч од средниот ред на Солскјер

Манчестер јунајтед уште бара квалитетен играч што ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред. Тренерот Оле Гунар Солскјер доби совети од својот поранешен шеф, за да го доведе младиот играч на Астон вила, Џон Мекџин. Солскјер најави дека сака да го подмлади составот, а Мекџин има само 24 години и се вклопува во таа замисла на менаџерот.

Шкотскиот фудбалер имаше одлична сезона во дресот на Астон Вила. Одигра 48 меча во кои даде девет гола, а имаше и 12 асистенции. Манчестер пред неколку месеци покажа интерес за Мекџин, но тогаш од Астон вила поставија неверојатна цена од 55 милиони евра, иако вистинската вредност на овој играч моментно е 6,5 милиони евра.

Останува до крајот на преодниот рок да видиме дали Фергусон ќе успее да издејствува овој трансфер да биде реализиран.

https://twitter.com/joe_ridley/status/1155226681638084610

 

- Оглас -

Најнови вести