Фергусон откри кој е подобар за него од Марадона и Меси

Најтрофејниот тренер во англискиот фудбал Сер Алекс Фегусон веќе неколку години не е активен на фудбалскиот терен, но уште е на трибините и навива за својот Манчестер јунајтед. Фергусон во повеќе од тридецениската тренерска кариера тренираше многу светски фудбалски ѕвезди.

Интересно е што Фергусон реши да направи споредба меѓу Лионел Меси и Диего Армандо Марадона. Популарниот Ферги одбра дека Меси е подобар, а имаше и конкретно објаснување зошто мисли така.

„Нема што да се каже. Марадона сигурно не е подобар од Меси. Едноставно, нема начин тоа да биде така. Марадона играше одлично само неколку сезони, додека Меси постојано е во врвот. Тој дури и сега нема пад во кариерата и продолжува да игра во ист ритам“, објасни Фергусон за одлуката да го одбере Меси како подобар играч од Марадона.

 

- Оглас -

Најнови вести