Фергусон откри зошто пропаднал трансферот на Малдини во Манчестер

Шкотскиот менаџер Алекс Фергусон успеа од Манчестер јунајтед да направи еден од најголемите фудбалски клубови на светот, но и тој во тие две и пол децении додека го водеше тимот од „Олд Трафорд“ имал и грешки и пропуштени шанси.

Фергусон бил одбиен од Чезаре Малдини, таткото на Паоло, кога сер Алекс посакал да го купи дефанзивецот во средината на првото десетлетие од новиот век.

„Се обидовме да го земеме Паоло Малдини, но татко му беше категоричен, рече дека Паоло нема да си оди никаде. Чезаре тогаш ми кажа: Дедо ми беше во Милан, татко ми беше во Милан, јас бев во Милан и син ми е во Милан”, откри Фергусон.

Семејната традиција не сакаше да ја растури ниту Паоло Малдини, кој имаше одлична кариера во Милан. За 24 години (од 1985-2009 година) тој освои пет титули европски првак (1989, 1990, 1994, 2003 и 2007 г.), како и 7 титули во Серија А. Татко му Чезаре играше за Милан од 1953 до 1966, а во два наврати беше и тренер.

- Оглас -

Најнови вести