Фернандеш чека поголема плата во Манчестер јунајтед, едвај ќе стигне до половина од Роналдо

Бруно Фернандеш е незадоволен со примањата што ги има во Манчестер јунајтед, во еден момент се закани и дека ќе си замине од клубот за којшто игра извонредно, па реагираше раководството и му вети поголема плата.

Португалецот моментно има неделна плата од 180 илјади фунти и е дури деветторангиран според примањата кај Црвените ѓаволи. Сега се преговара за корекција на платата и за сума од 250 илјади фунти неделно, што ќе биде само половина од платата што ја има Кристијано Роналдо.

Популарниот ЦР7 има неделна плата од 510 илјади фунти и е најплатениот играч на Манчестер јунајтед. Пред Фернандеш, и со зголемувањето на 250 илјади фунти неделно ќе останат голманот Де Хеа со 375 илјади фунти, потоа и Џејдон Санчо со 350 илјади фунти, Варан со 340 илјади фунти, Погба со 290 илјади фунти, а Марсијал има исти примања, односно 250 илјади фунти неделно.

 

- Оглас -

Најнови вести