Фернандо Љоренте две години во Наполи

Фернандо Љоренте го одбра Наполи како клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Шпанскиот напаѓач кој од ова лето е слободен играч, се согласи на двегодишен договор со италијанскиот вицепрвак и ќе заработува 2,5 милиони евра годишно.

Медицинските прегледи се закажани за овој викенд, а официјална потврда од Наполи се очекува по утрешното дерби против Јувентус. Љоренте веќе има искуство во Серија А, токму Торино беше негов дом во периодот од 2013 до 2015 година, кога со Старата дама освои две титули во Калчолигата.

Искусниот баскиски голгетер до неодамна ги бранеше боите на Тотенхем, на кои минатата сезона им помогна да во походот кон финалето во Лигата на шампионите, каде што потоа загубија со 2-0 во битката за трофејот.

- Оглас -

Најнови вести