Фернандо Торес ја заврши кариерата

Еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација, Ферандо Торес, најави дека става крај на кариерата. Преку својот твитер-профил, Торес објави дека веќе нема професионално да игра фудбал.

„Имам нешто важно да ви кажам. По 18 возбудливи години, дојде време да ја завршам фудбалската кариера“, напиша Торес, кој додаде дека во недела ќе оддржи прес-конференција во која ќе ги објасни сите детали.

Како играч кој започна во Атлетико Мадрид, кариерата ја продолжи во Ливерпул, Челзи, Милан, потоа повторно се врати во Атлетико, а пред една година замина во Јапонија, каде што и ја завршува кариерата во тимот на Саган.

Како играч на Челзи ги освои Лигата на шампиони и Лигата на Европа, но сепак најголемиот успех го достигна во репрезентативниот дрес на Шпанија. Како дел од Црвената фурија, Торес двапати беше европски и еднаш светски првак. За националниот тим одигра 110 меча и даде 38 погодоци.

https://twitter.com/Torres/status/1141934249362124801

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести