Ферстапен е фаворит пред светскиот шампион за пол-позиција во Бахреин

Сезоната 2021 во Формула 1 стартува со трката за Големата награда на Бахреин, за која денес ќе се одржат квалификациите. Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон, е загрижен дека Мерцедес повеќе го нема најбрзиот болид, а како најголем негов конкурент се наметнува Макс Ферстапен од Ред бул.

Ферстапен вчера беше најбрз на тренинзите со време од 1.31,394 и најави атак на пол-позицијата. Колегата на Хамилтон од Мерцедес, Валтери Ботас, заостануваше речиси три стотинки, додека британскиот возач се задоволи со четвртото најдобро време на последниот тренинг.

Токму Ферстапен е фаворит според квотите во Sport Life да ја освои пол-позицијата пред утрешната трка, додека Хамилтон со коефициент 2.70 е веднаш зад белгискиот возач. Квалификациите стартуваат во 16 часот, додека трката е предвидена за утре во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести