Ферстапен е казнет, Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Мексико (Видео)

Марк Ферстапен наместо од пол позицијата, ќе стартува од четвртото место на трката за Големата награда на Мексико. Возачот на Ред Бул заврши како најбрз на вчерашната трка, но по прегледувањето на снимките, било утврдено дека во третиот дел од квалификациите, Ферстапен поминал на жолто знаме, што е недозволиво.

Поради овој прекршок, Ферстапен е казнет со три позиции, па наместо од лидерското место, трката ќе ја започне од четвртата позиција. Најмногу од овој кикс на возачот на Ред Бул сега добиваат болидите на Ферари, кои ќе бидат во првиот ред. Леклер ќе стартува како прв, а Фетел ќе биде веднаш до него.

Од вториот ред, но од третата позиција сега ќе стартува Луис Хамилтон, а Ферстапен кој синоќа се радуваше на втората пол позиција во кариерата, сепак ќе започне од четвртото место на стартната рамнина.

- Оглас -

Најнови вести