Ферстапен го истисна колегата од тимот, а сега му ја ќари и бившата девојка

Веста дека Формула 1 ѕвездата Макс Ферстапен е во љубовна врска со Бразилката Кели Пике (ќерка на легендата Нелсон Пике), ја заинтригира јавноста не само затоа што Холанѓанецот ќари ќерка и сестра на некогашни Ф1 пилоти, туку и дека го освои срцето на девојка која до неодамна беше во врска со рускиот пилот Данил Квјат.

Во 2016 година, Ферстапен како млада ѕвезда на автомобилизмот го истисна Квјат од Ред Бул, па Русинот замина во Торо Росо, па кариерата му е во надолна линија. Сега Макс го истисна Макс и од срцето на Кели Пике.

Кели која е ќерка на трикратниот Ф1 првак Нелсон Пике и сестра на Нелсон Пике жуниор кој возеше во Формула 1, со Квјат беше во врска во траење од една и пол година, имаат и ќерка, но само шест месеци по раѓањето на девојчето, парот раскина. Тоа го искористи Ферстапен, а со некои заеднички фотографии и честитки за празниците потврдија дека се заедно.

 

 

- Оглас -

Најнови вести